ВМРО-ДПМНЕ, но и нашите градоначалници од партијата ги отворија вратите во Општините, да ги слушнат граѓаните и да разговараат за сите идеи, за сите проекти и така да ги направат своите буџети, рече во саботата Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во текот на посетата на Општина Илинден
„Навистина задоволство ми е повеќе луѓе да доаѓаат, да даваат различни изјави, да даваат различни коментари, проекти и идеи. И сето тоа да го склопат како една нова програма за следната година“, рече Мисајловски.
Посочи дека е разбирливо дека има различни барања, во различни сфери како инфраструктурата, образованието, па и лични проблеми, но, како што рече Мисајловски, тоа е добро бидејќи „можеме да видиме дека граѓаните се задоволни што се тука и што можат да го кажат своето мислење“.
„И на крајот испаѓа дека нивна е идејата односно она што постојано ние го говориме веќе изминативе недели, твоја идеја е да стане реалност, а таа идеја е навистина добро да се најде следната година во буџети“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Одлична акција и се надевам дека вака ќе продолжи и следните години каде што граѓаните ќе си го прават својот граѓански буџет. И еве денеска навистина сме задоволни тука во Општина Илинден каде што градоначалникот навистина внимателно со сите свои раководители, со сите свои тука луѓе од неговиот тим ги разгледуваат сите идеи. И навистина мислам дека тука во Илинден посебно ќе има една убава програма која што ќе биде за сите жители“, оцени Мисјаловски.