Мисајловски им порача на офицерите и подофицерите дека се дел од од македонската армија, институцијата со најголема доверба во татковината

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа промоција на офицери и подофицери, но и промоција на 24. класа на питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање истакна дека имаат шанса придонесуваат и да соработуваат. Посочи дека, како министер, се заложува за унапредување на условите, зголемување на човечки капацитети, модернизација на Армијата.

-Вашата денешна промоција е признание за вашиот труд, но и доказ за довербата која ви ја даваме. Вие сте дел од македонската армија, дел од институцијата со најголема доверба во татковината и дел од систем чија клучна алка сте токму вие. Додека ги прифаќате вашите нови задачи и цели во службата, запомнете дека лидерството не е само авторитет, лидерството е и инспирација, давање пример и негување на работна средина во која секој ќе може да напредува, истакна министерот за одбрана.

На свеченоста присуствува и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, министерот за спорт Борко Ристовски, претставници на воено дипломатскиот кор од Босна и Херцеговина и Црна Гора и останати високи гости од Министерството и Армијата.