Мисајловски на средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и со организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон од каде објави статус на Фејсбук во кој пишува дека остварил повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот.
„Поздрав од Washington, D.C. 🇲🇰🇺🇸

На покана на Амбасадата на САД во Македонија, имам можност да престојувам во повеќенеделна посета на САД, каде што учествувам на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.

Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.

Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа“, стои во неговиот пост на Фејсбук.