Македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски во рамки на посетата на Вашингтон, вчера присуствувал на свечена вечера на покана на Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин.
Настанот бил организиран за министрите за одбрана.
-Имав можност да ги запознаам колегите и заедно да поразговараме за зајакнување на билатералната и мултилатералната соработка меѓу министерствата за одбрана, истакнува министерот Мисајловски.