-Честа да ја предводам победничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” во изборната единица 2 е огромна. Ќе настапиме позитивно, патриотски, народно и сеопфатно. Нашата визија за Македонија ќе пристигне секаде, до секого и секој дом. Нашата програма е победничка, а нашиот мотив е поголем од се.
Тоа е програма која ќе донесе промени, објави на фејсбук Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
-Граѓаните од Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Куманово, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Липково и Арачиново ќе имаат можност да ја видат разликата и да ги воочат промените.
Секој човек кој сака да биде дел од промените е добредојден, заеднички да чекориме кон подобра Македонија
Време е за победа на Македонија. Време е за победа за сите луѓе
#ВремеЕЗаПромени !
Почнуваме.
Промените доаѓаат !🇲🇰