
Знам дека Чаир е доста погоден, сите вие, ние ќе издржиме, не втурнаа во една кампања иако инсистиравме да паднат овие бројки, бидејќи пред сѐ се работи за човечки животи , но ние сме подготвени како ВМРО-ДПМНЕ секогаш да одиме на избори, ова попладнево од средбата во Чаир го истакна носител на Изборната единица 2, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Гледате што се случува изминатите три години, не сакам да ве оптоварувам со сите оние црнила и со сите оние неправди. Штом ве има во толку голем број тука на овој настан, јас сум убеден дека во Чаир ќе имаме убедлива победа, рече Мисајловски.
Тој додава дека СДСМ ќе тера со црната кампања во наредниот период.
-За да се промени сето ова треба да ги натераме граѓаните да излезат на избори на 15 јули. Мораат да излезат со сите мерки и претпазливост и да гласаат, друг начин за да ги смениме немаме. Ние ќе бидеме максимално внимателни да не го прошириме овој вирус, а сите знаете дека од СДСМ поради предвремената кампања сега се нов кластер на заразата и тоа најмногу се прошири во изборна единица 2, истакна Мисајловски.
Тој додава дека Чаир ќе победи, нека победи цела Македонија.