Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска бил на митинг во општината Ѓорче Петров, по повод претседателските избори кои ќе се одржат наскоро.
„Ова е моето Ѓорче Петров, ова е мојата Македонија, ова е нашиот горд македонски народ.
Ѓорчепетровци моите сограѓани со огромна поддршка за Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ!
Овде во Ѓорче Петров ќе ја направиме најголемата разлика!
Да живее горда и достоинствена Македонија! 🇲🇰“, стои во неговиот пост на Фејсбук.