Она што се случува со цените е немилосрдно, инфлацијата… но да потсетам дека ние како партија во собранието предлагаме мерки, наговестуваме дека ќе се слуќат вакви драстични промени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Што не е јасно“.
-Никој не вели дека цените на берзите не растат. Но со различни мерки во прав момент ќе се намалеа многу ценовни шокови. Еве конкретно да збориме за дериватите или за нафтата и бензинот. Ние предложивме како пратеничка група и претседателот Мицкоски неколку пати ова го најавуваше како нова мерка и сите оние кои што се во комисијата за економија, они што работат со овие теми, дека најитно мора 50 проценти да се ослободи од акцизата. Ако гледате дека давачките на едно литро гориво, еве на бензинот е 43 проценти од да речеме 90 денари идат за државата. Ние бараме 50 проценти да се намалат тие давачки. Тоа значи дека со оваа цена околи 13 денари по литар ќе биде помала цената, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека изминатите денови имаше невидена паника на бензинските пумпи, а дека тоа е поради недовербата во владата.
-Како многу пати во минатото многу владини функционери излагаа и велеа не се секирајте, но видовме што се случи, ценовен шок. Но верувајте дека ова не е цена што ќе остане, изјави Мисајловски.