Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Ангел Ангелов и одбранбеното аташе, потполковник Асен Ламбев.
-На средбата ја истакнавме нашата одбранбена соработка и разговаравме за Писмото на намери кое неодамна го потпишавме заедно со бугарскиот министер за одбрана на НАТО Самитот во Вашингтон, за олеснување на воената мобилност на Коридорот 8, со што дополнително ја зацврстува соработката во одбраната. Билатералната, регионалната и соработката во рамки на НАТО е показател за добрата соработката меѓу двете сојузнички земји, истакна Мисајловски.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmisajlovskivlado%2Fposts%2Fpfbid02Nz6aqBqwuky27WoWnR7sKjZNxp4waTaWv6cUJQ5GNm1i8znje443AVvygT9MJVZhl&show_text=true&width=500