Мисајловски се сретна со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Денеска во Министерство за одбрана остварив средба со амбасадорот на Италија Н.Е Андреа Силвестри и новопоставеното одбранбено аташе на Италија, полковник Кристијан Маргерити. На полковник Стефано Анџони му благодарам за досегашната одлична соработка и му посакувам успех во кариерата и идните ангажмани. Верувам дека сојузничка одбранбена соработка меѓу нашите земји ќе продолжи во засилен континуитет, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.