Мисајловски со честитка по повод 5-ти ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик

Честит 5-ти Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик.

Јазикот на еден народ претставува историско сведоштво за неговото постоење, за неговата историја, култура и традиција.

Денеска имавме убава можност заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Шуто Оризари Ерџан Демир да присуствуваме на работен состанок на нашиот коалиционен партнер ДПР, каде што го честитавме Светскиот ден на Ромите, но и пративме пораки на сплотеност и заедничка борба за подобра Македонија,пишува во својата честитка на социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.