Мисајловски: Со протестите ВМРО-ДПМНЕ испраќа порака до властите да не ги распродаваат државните интереси

Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборуваше кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија каде рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму со протести низ целата држава.

-Не очекуваат нови протести, ќе не има насекаде низ Македонија. Ќе ми дозволите прво да се заблагодарам на целиот македонски народ што денеска дојде што се појави заедно со нас со автомобили, но и сите оние граѓани кои ни ја даваат страничната поддршка. Јас сакам да кажам дека ова е протест на македонскиот народ. Секој кој ја сака Македонија е добредојден да ни се приклучи , да го запреме сето она што го прави Заев. Од утре почнуваме и во големите градови во Македонија и потоа ќе има насекаде во секој град низ целата држава. Но ќе следат и исто така и големи протести тука во Скопје. Затоа сакам уште еднаш апел до властите на овие луѓе кои седат стоплени, а се мислат како да распродаваат државни интереси да престанат веднаш, да не помислуваат да ја продаваат историјата, македонскиот јазик, нашите херои и да не се откажуваат од се она што е македонско. Ние имаме идентитет, ние сме македонци и ќе останеме македонци, но некој ако се подбива со тоа, не исмејува нас ќе не има насекаде низ улиците, рече Мисајловски во своето гостување.

Мисајловски во своето гостување посочи дека овие протести се апел до властите кои сакаат да ја распродаваат Македонија.

-Сите оние граѓани кои сакаат да ни се приклучат ќе ги одредиме одредниците во секој различен град, на различно место ќе биде но ќе бидеме на овие главни сообраќајници каде ќе можеме навистина да блокирам и да не чуе народот. Ние не го правиме ова колку само да ги блокираме улиците, да не чујат неутралните, оние луѓе што не ги интересира политика, но сакаат да ни ја дадат поддршката. Но најважно од се го правиме за луѓето од власта да не ја распродаваа Македонија