Во вестите во 19ч на Сител телевизија се вклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој зборуваше за протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ во однос на поскапувањето на струјата, како и за сите штетни политики кои ги спроведува гарнитурата на власт.
Според Мисајловски, новата влада која што се создаде е дивоградба која што може да функционира само со прекршување на законите. Иако ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период имало во план да ги разговара овие теми за поскапувањето на струјата во Собранието на Република Македонија, сепак тоа не може да се случи поради тоа што не се закажуваат седници согласно деловникот, вели Мисајловски.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже во намерата да се бори за враќање на старата цена на струјата, затоа што тоа ги засега сите граѓани, независно од нивната етничка или партиска припадност. Ваква сиромаштија не е запаметена во историјата на државата и на тоа мора да му дојде крајот. Денеска сме тематски собрани по повод поскапувањето на струјата, но зборуваме и за криминалите, тендерашките игри и за сето она кое не е лицето на Република Македонија, туку на Зоран Заев и СДСМ”, истакна Мисајловски.
Секогаш кога е СДСМ на власт, пропаѓаат фабрики, фирми, банки, па тоа не не заобиколи ниту сега. Сведоци сме на пропопаѓање на банка за која власта криеше и тоа воопшто не е во ред. Не смееме да дозволиме вакво безаконие и неред. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за сите категории на граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, бидејќи секој граѓанин заслужува достоинствен живот, заврши Мисајловски.