Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, денес имаше активности во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Тој беше во Чучер Сандево каде реализира посета на неколку населени места и разговараше со голем број на граѓани.
„Многу е важно ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со оваа акција која ја нарекуваме „Ова е Македонија“, разговараме со што повеќе граѓани и да и кажеме нашите размислувања за сите теми моментално што се актуелни, но и да искритикуваме што централната власт не прави апсолутно ништо во ниедно населено место. Тука во Чучер Сандево ја имаат цела власт, локална и централна, можеме да видиме дека апсолутно едно камче не е мрднато, па ниту пак планираат да направат нешто за оваа општина. Многу внимателно ако ги слушнете нивните изјави, тие се полни со ЕУ реформи, со нивни размислувања како ќе ја однесат Македонија во ЕУ, но можеме само да видиме еден куп штетни договори, еден куп лаги и нетранспарентни процеси“, рече Мисајловски.
„Тие решиле во овој момент да го погазат уставниот поредок. Навистина тоа е штета бидејќи се отвора Пандорина кутија за во иднина. Со ова ЕУ знаменце кое го поставја навистина направија голема штета на работењето на Собранието. Жалам што овие пратеници не видоа дека станаа антиЕУ пратеници бидејќи самата европска делегација кажа дека овие закони не смеат да се поминат со ЕУ знаменце“, порача Мисајловски.