Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е сила која со народот може да ги промени овие штетни политичари, синоним за срам и криза

Денеска сме тука во Гази Баба заедно со пратеничката Дафина Стојаноска, со Жаклина Пешевска исто така пратеничката од Гази Баба, со претседателот на општинскиот комитет Бобан Стефановски, и многу други активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но и многу граѓани со кои денеска сакаме да разговараме за повеќе теми, изјави денеска за мидеумите, Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска ќе пробаме со повеќе целни групи да се видими и да разговараме со пензионерите, да разговараме со здравствените работници, но сепак овие средби се на отворено со не толку многу народ бидејќи знаете пандемијата е околу нас, знаете вакцини дека нема, заради тоа пробуваме овие средби да ги одржуваме постојано, но да бидеме се разбира внимателни. Моментално во Македонија нема вакцини, секој месец слушаме дека ќе стигнат, ни никако да стигнат. Во Македонија нема капитални проекти. Во Македонија нема реформи. Во Македонија има само еден голем срам, има една срамна Влада која што не срами насекаде каде и да отиде, што и да направи, рече тој.

Мисајловски посочи дека  ВМРО-ДПМНЕ вети и во минатото, но и тој како носител на изборната единица 2 вети и кажа дека постојано ќе доаѓа тука на терен да разговара со граѓаните. Знае дека се спречени од пандемијата, знае дека треба овие средби да бидат со помалку граѓани.

– Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа е силата на ВМРО-ДПМНЕ да биде тука на лице место со народот. После оваа изјава моја ќе имам повеќе разговори и се разбира ќе ги слушнам сите оние проблеми што ги мачат граѓаните, но моментално најголемиот проблем е што граѓаните се разочарани од владеењето на оваа власт. Затоа е добро што сме тука со нив и набрзо сите заедно да го повикаме целиот македонски народ да ни се приклучи. Секој оној кој што има чесна намера да дојде заедно со нас за да ги тргнеме овие срамни политичари што се од власта. Ама мораме тоа сите да го направиме заедно, бидејќи само ВМРО-ДПМНЕ може да ја смени оваа власт.ВМРО-ДПМНЕ е сила која заедно со народот може да ги промени овие штетни политичари. Затоа ајде сите заедно не само вака на средби, туку и насекаде во Македонија да се сплотиме и заеднички да ги промениме, додаде тој.