Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку изјава за телевизија Телма им се заблагодари на сите граѓани на Македонија за одговорноста која им ја дале на нив во наредните четири години.
-Ова е една голема работа за ВМРО-ДПМНЕ и ќе покажеме една нова иднина во следните четири години. Имаме убедливи победи во:
Битола
Брвеница
Василево
Гевгелија
Зелениково
Кратово
Лозово
Македонски брод
Македонска каменица
Ново Село
Охрид
Радовиш
Ранковци
Ресен
Мисајловски вели и дека убедливо водат во Вевчани, Пехчево, Пробиштип, и се разбира во градот Скопје.
-Ова е убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, односно на народот во Република Македонија, рече Мисајловски.