Мисајловски за анализата на Блумберг: Навистина добри бројки – многу странски инвестиции дојдоа, но и многу нови ќе доаѓаат!

Министерот за одбрана на Република Македонија, владо Мисајловски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, анализата ба Блумберг ја оцени како доста позитивна, а најави дека и во инднина ќе доаѓааат уште многу странски инвестиции.

Навистина, убави бројки, и позитивни работи се случуваат за краток период, за поздравување се оние сите кои макотрпно работаат на привлекување странски инвестиции, вели Мисајловски.

-Навистина, убав извештај е, еве тек почнуваме би рекол. Навистина е убаво после само неколку месеци да се разликува се она што било претходно, и тоа го најавувавме долго време. Честитки до сите што работаат макотрпно за да донесат што повеќе странски инвестиции, но и да се раздвижи и целиот пазар. Ова се добри бројки, ова се навистина добри работи, ги охрабрува сите што се во Владата дека навистина вреди она што се работи. Видовте дека изминатиот период дека многу странски инвестиции дојдоа, но многу нови ќе доаѓаат бидејќи тоа е долгорочна работа. Но мораме да бидеме искрени, дел од тие инвестиции низ годините се работаат, но најважно е кога ќе се донесе одлуката за инвестиција, и еве тоа се случува и тоа е добро, тоа се позитивни моменти, и не само тука, може да видиме во делот на развивање на индустријата, на градежништвото… Повеќе и повеќе проекти имаме, поголем процент на капитални проекти се реализираат. Многу општини се разработија, со многу проекти, тоа се дополнителни средства што ги дава Владата. Ние и многу пати и во предизборите кажувавме дека многу средства ќе доделиме на општините, и навистина многу позитивни работи се случуваат, нови градинки, нови школи, нови улици. Тоа е раздвижување на градежништвото, на БДП, на самата економија, и тоа се одлични вести. Што повеќе инвестиции, поготово во помалите градови, затоа што важно е и таму да има инвестиции, е одлично, навистина охрабрува и е позитивно, изјави Мисајловски.

денеска во анализа Блумберг Адриа објави дека Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години.

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија прв пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година, анализира Блумберг Адриа.

Инаку, податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.

Оттаму информираа дека во овој период има зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).