Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски.
-Јас сум работел во повеќе институции, ако имате во договор да набавите некој лек што и да е, иако во договорот стои дека рокот на испораката е пет илидесет дена, вие лекот мора да го набавите за пет или десет дена. Одговорните лица во институција мора да го набават и да го примат. Ај што фалеле лекови,ај што тоа не се случило, ај што никој не пријави, туку тие фирми никогаш не биле ставени на црна листа, си има постапка како се прави тоа, а тоа се случува со тендерите одноно со јаните набавки, рече Мисајловски.
Мисајловски меѓудругото додаде дека граѓаните се исплашени и разочарани, и дека не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува во Онкологија.
-Повторно прашувам, дали има поврзаност КЗ, дали има поврзаност некој да се штити себеси и дали овде има „канцер мафија“, за жал како што кажа и претседателот денеска гледаме диво месо, гледаме разочарани граѓани, не вреуваат и да одат кој оние чесни и искрени доктори, кои навистина се трудатд да препишат најдобра терапија и слично, бидејќи нема разршница на ова што се случува, дециден е Мисајловски.