На националниот сервис вечерва дебата имаат кандидатите за градоначалници за Ѓорче Петров, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Наумовски од СДСМ. Мисајловски кажа дека од Наумовски и СДСМ гледа само една ароганција, дека веднаш се тера со црна кампања, се што не чини во државата.
-Александар, вие сте на власт кажете ми еден капитален проект, еден, во овие пет месеци. Бидејќи велите ќе градите по план ќе градите инфраструктура, еден кажете ми, за да знаеме дека во Ѓорче Петров уште ќе изградите. Вие немате, во Министерство за транспорт и врски, немате ниту еден проект. Ваш е министерот, па само вака ќе градите по план, ќе има воздух за сите, кажете конкретно што ќе направите. Мене драго ми е да слушнам што се ќе направите, бидејќи не сум слушнал досега, не сум имал прилика, не сум ја видел вашата програма и сакам да се натпреварувам, затоа сум тука. Кажете ми колку градинки, што каде, јас да кажам што планирам. Тоа е натпревар, тоа е она што Ѓорче го бара, а не се што не чини, само не чини. Што со канализацијата во Волково, јас ја започнав, вие ја запревте, изјави Мисајловски.
-Невистина брутална, второ сега ќе ви покажам една фотографија(луге од СДСМ сликани пред неговата куќа). Што бараат тука ваши советници да ја сликаат и да ја снимаат, ве прашувам. Во Стопански Двор, што бараат да ги снимаат моите деца, изјави Мисајловски.
Тој кажа дека се што има од имотот е ставено во имотниот лист.
-Јас сум првиот функционер во Република Македонија, што до Антикорупциска има наведено се и тоа може да го видите. Јас ве прашувам зошто праќате луге да снимаат и да сликаат мали деца, изјави Мисајловски
Тој кажа и дека во наредните четири години во Ѓорче Петров може да се реши проблемот со сообраќајната инфраструктура и има многу работа, дека знае дека пред себе ќе имам голем предизвик, но порача дека тоа го ветува и тоа ќе го оствари.
-Факт е дека во руралниот дел ни требаат повеќе асфалтирани улици, ни требаат повеќе проекти, но секако останува и во урбаниот дел на Ѓорче Петров да се реализираат повеќе број на улици. Затоа јас во мојата програма ставив 100 нови улици и јас очекувам во наредните четири години тие да бидат реализирани, секако ќе имаме сегмент онаму каде што прво ќе треба да се изгради подземна инфраструктура па потоа да се гради, односно да се асфалтира улицата, а таму каде што може веднаш да се асфалтира таму ќе почнеме веднаш. Затоа јас ставив околу 100 улици и дополнителни улици кои се со градот Скопје за да има една градежна експанзија во Ѓорче Петров да стигнеме до едно ниво да нема неасфалтирана улица во општината, потенцираше Мисајловски.
Тој додава дека во општината ќе стане помодерна и поурбана, а со тоа ќе можеме да напредуваме во реализација на многу нови проекти.
-Јас тоа го ветувам и за брзо време граѓаните ќе видат дека Ѓорче ќе биде едно многу големо градилиште и секој оној кој посакува неговата улица да биде асфалтирана тоа и ќе се случи. Јас знам дека неколку улички сум пропуштил, но на терен внимателно забележувам што граѓаните ми кажуваат дека во идниот период и тоа ќе биде внесено во програмата.