
Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска беа на терен кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга.
Целта на посетата беше да се констатира во каква состојба се коритата на реките „Рибница“ и !„Сатеска“. Заклучено е дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали со цел да не се повторат поплавите кои на опфатот ТИРЗ –Струга беа карактеристични пред неколку месеци.
На средбата беа слушнати мислењата и на поедини локални земјоделци кои поседуваат земјишта околу двете реки во врска со обезбедување пат за пристап на механизацијата до потребните места за чистење.