Мисајловски: Ќе дадам сè од себе да го направам нашето заедничко Ѓорче подобро место за живеење

Кога ја добив довербата да бидам министер за транспорт, никогаш не заборавив кој сум, што сум и од каде доаѓам. Апсолвираното знаење и акумулираното искуство за сите овие години, особено последните две, ме научија што значи да се работи вредно и посветено, за доброто на својата земја, за среќата на својот народ. Сега повторно ја добивам довербата… Овој пат мотивот е уште посилен, одговорноста останува голема… Во прашање се одново мојот народ, мојата земја, но во прашање е и моето и Ваше, нашето заедничко Ѓорче, пишува на својот ФБ профил поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.

Почитувани сограѓани, Верувам дека добро ме познавате. Овде сме заедно од деца… Ги делевме училишните клупи, школскиот двор, улиците и навиките во маалата а сега тоа го прават и нашите деца.

Кога ја добив довербата да бидам министер за транспорт, никогаш не заборавив кој сум, што сум и од каде доаѓам. Апсолвираното знаење и акумулираното искуство за сите овие години, особено последните две, ме научија што значи да се работи вредно и посветено, за доброто на својата земја, за среќата на својот народ. Сега повторно ја добивам довербата… Овој пат мотивот е уште посилен, одговорноста останува голема… Во прашање се одново мојот народ, мојата земја, но во прашање е и моето и Ваше, нашето заедничко Ѓорче.

И затоа Ви ветувам и уверувам дека максимално ќе се заложам и уште поубаво, посреќно, попросперитетно… односно подобро место за живеење.

Нови проекти, објекти, инфраструктура… за добробитот на секое маало, секоја уличка , сокак, секоја куќа, благосостојба на секое семејство,просперитет на секоја единка… за сите мои другари, пријатели, роднини, соседи, познати и непознати, на сите мои драги сограѓани, нивните семејства, деца, внуци… од моето, од нашето заедничко Ѓорче. Сме биле и ќе бидеме како едно семејство, една куќа, една улица, едно маало, една населба, една општина…

Едно и единствено Ѓорче Петров од кое заедно со Вас и самиот сум дел.

Да сте ми живи и здрави, Ве чекам сите вас да се приклучите во заедничката ПОБЕДА, со отворено срце и отворена врата, во секое време и за секого… во нашето заедничко Ѓорче Петров.