
Директорот на ЈП за државни патишта Владо Мисајловски истакна дека овој месец очекува голема градежна експанзија во сите делови на Македонија, објави Курир.
ЈП за државни патишта веќе на терен работи на санација на мостови низ целата држава, а се вложува и во санирање на регионалните патишта и локалните патишта.
Мисајловски истакна дека ќе продолжат и со изградба на клучки кои ќе овозможат побрз и побезбеден транспорт на граѓаните.
За клучката на обиколницата Скопје во месноста Смилковци која денеска започна да се гради, Мисајловски посочи дека е десетта клучка по ред на самата обиколница со целосно ново осветлување, а досега се направени 9 клучки кои се функционални и осветлени.
Фото: Курир