Мисајловски: Оваа власт повеќе не е легитимна и треба што поскоро да си замине

Секој што посакува оваа власт ден поскоро да биде сменета е добредојден, јас ги разбирам граѓаните што се разочарани и измамени, но ако сите бидеме помасовни и посплотени тогаш убеден сум дека сме на правиот пат а тој пат е нова победа и правда за Македонија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во интервју за порталот поглед.мк говори за актуелните политички случувања во државата.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ се врати со победа на голема врата, а тоа може најдобро да се види од разговорите со граѓаните и расположението низ народот.

ПОГЛЕД: Г. Мисајловски. Првиот круг од претседателските избори заврши. Пендаровски е во благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановкса Давкова. Како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ како Вие го коментирате резултатот од првиот круг?

Пред се мора да потенцирам дека ВМРО ДПМЕ се врати со победа на голема врата, а тоа може најдобро да се види од разговорите со граѓаните и расположението низ народот. Победа во 47 општини е силен сигнал дека Вмро Дпмне се враќа на победничките патеки, додека оваа власт повеќе не е легитимна и што поскоро треба да си замине. Во наредниот период ќе се зголемува нашата подршка бидејќи сите заедно имаме една цел, а тоа е подобра Република Македонија во која ќе доминира подобра економија и бизнис клима, помали даноци, повисоки пензии и плати, инфраструкура и проекти на секаде низ нашата татковина, подобро здравство, реформирано судство и правда, а не како до сега само со празни излитени фрази и ветувања без ниту едно дело. Сепак на крајот од денот треба да се покажат делата, а за жал оваа влада неможе да се пофали со ниту едно дело.

ПОГЛЕД: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се со намален број на гласови во споредба со локалните избори. СДСМ загуби 100 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ 16,520. На што се должи тој пад во гласовите и дали можеби гласачите во првиот круг апстинираа како порака до најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ?

Јас неколку пати сум споменал дека со сите политички кризи најмногу губат граѓаните, а тоа доведува до колективна депресија и според мене на тоа се должи и самиот процент на излезеност на овие избори. Но сепак треба споредбено секогаш да се гледаат само претседателски избори во минатото и да се вади анализа на излезеност само со таков тип на избори, но не и кога имаме дупли избори односно претседателски што се споени со локални избори или парламентарни избори, бидејќи секогаш во минатото се покажало дека не се толку атрактивни само претседателски избори за целата популација. Но со овие резултати пред се се покажа дека народот повеќе не и верува на оваа влада, а од друга страна народот е разочаран од сите владини постапки односно нивното неработење, неспособност, непотизам, тргување со правото и правдата, прогонот кон сите што размислуваат поинаку и колапсот во економијата. Затоа народот гледа светла иднина во професорката Гордана Сиљановска и во Вмро Дпмне бидејќи за нас дадениот збор и ветување се должност и цврста обврска спрема сите граѓани.

ПОГЛЕД: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе ги убеди бојкотирачите да излезат и да дадат поддршка на професорката Силјановска Давкова во вториот круг од изборите, со цел нормално да го зголеми бројот на гласови кој би бил од голема полза за успех на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори?

Секој што посакува оваа власт ден поскоро да биде сменета е добредојден, јас ги разбирам граѓаните што се разочарани и измамени, но ако сите бидеме помасовни и посплотени тогаш убеден сум дека сме на правиот пат а тој пат е нова победа и правда за Македонија. За овие избори навистина татковината повикува и се надевам дека ќе ни се приклучат уште повеќе граѓани бидејќи секој даден глас за Гордана Сиљановска е даден глас за нови предвремени избори, а со тоа и формирање на нова влада која наскоро ќе биде предводена од ВМРО ДПМЕ. Затоа повикувам масовно и помотивирано да искочиме сите заедно на 5 мај и да гласаме за Гордана Сиљановска Давкова и Вмро Дпмне бидејќи тоа е подобрата и победничката опција за Република Македонија.

Целото интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски за порталот поглед.мк можете да го прочитате тука.