Мисајловски: Ќе се гради патот Кочани-Делчево

Ќе се гради патот Кочани-Делчево. Денес ќе биде распишан тендер за изградба на патниот правец долг 30 километри. За ова во вестите на Канал 5 информира министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Се работи за целосна рехабилитација на овој патен правец.  Денес ќе го распишеме тендерот и очекувам до крајот на годината да заврши постапката. Ако дозволува времето, со работа ќе се започне веднаш. Станува збор за пат долг 30 километри кој граѓаните го бараа и ќе го добијат. Вредноста е проценета на 10 милиони евра. Јас сум убеден дека на тендер цената ќе падне, па тогаш ќе ја знаеме финалната сума, рече Мисајловски.

Меѓу другото, министерот напомена дека следната година ќе се градат три нови автопати.

Во овој момент градиме три автопати Демир Капија-Смоквица, Миладиновци-Штип, како и Кичево-Охрид. Имаме доста проекти од програмата  за оваа и за следната година. Станува збор за автопатска делницаСмоквица-Гевгелија во должина од 10,15 километри со проценета вредност од 4,3 милиони евра. Тука сме во завршна фаза за потпишување на договор…истакна Мисајловски.

Овој месец  ќе стигнат новите возови

Во вестите на Канал 5 тој откри дека со силно темпо се работи на повеќе крупни проекти за надградба и реконструкција на железницата. Скопската железничка станица е во финална фаза и ќе стане модерна и европска.

Произведен првиот воз за Македонски железници
Произведен првиот воз за Македонски железници

Освен набавката на товарни вагони, со задоволство информирам дека овој месец ќе стигнат новите возови. Очекувам во периодот од 20-25-ти октомври да бидат во Скопје. Внимателно следиме како стигнуваат од Кина кон Македонија па за кратко време ќе станеме сведоци на нови модерни возови, рече тој.

Како што посочи, во овој период ќе биде донесен првиот воз, а следните сукцесивно ќе стигнуваат до следната година. Целото гостување во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение.