Мисајловски: Силјановска Давкова е кандидат кој ги обединува граѓаните за победа Македонија

Опоициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во четвртокот кандидатурата за новиот претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.

„Денеска е убав ден за сите граѓани на Република Македонија, бидејќи имаме еден одличен кандидат, имаме и кандидат што ќе го прифатат мнозинството граѓани на Република Македонија и ќе се обединиме кон една голема победа за Република Македонија. Имаме одлична шанса, одлична можност да ги повикаме сите граѓани на Република Македонија да ни се приклучат, да ја победат оваа борба и битка со нас за правда и правдина. Имаме можност да допреме до сите граѓани, да ги посетиме, да почнеме да одиме на терен од врата на врата. Да ги посетиме сите семејства, да го кажеме она што навистина се случува во овој период, што она се случуваше и изминатиот период од власта. Но, се разбира, и што ќе подобриме“, во изјава за медиумите го истана Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека Гордана Силјановска Давкова е навистина правиот избор за Република Македонија.

„Очекуваме да има одлична кампања. Очекуваме наредниот период навистина да покажеме една добра основа за еден добар натпревар и да победи, се разбира, најдобриот кандидат, а тоа е Гордана Силјановска Давкова. Ги повикувам сите граѓани заедно да победиме“, рече Мисајловски.