Во моментов градиме над 145 километри само автопатски патишта, многу експресни патишта и работиме на 15 регионални патишта, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во своето синоќешно гостување во емисијата „Јади Бурек“.
Преку 145 километри во моментов градиме автопат или инвестиции преку 800 милиони евра, градиме многу експресни патишта, односно ги започнуваме. Прилеп- Градско го работиме, Велес- Кадрифаково го работиме, другите што ни се во постапка преку 300 милиони ќе бидат, и работиме 15 регионални патиша, рече Мисајловски.
Тој нагласи дека во овој период се работат овие патишта и се многу важни.
Маврово- Дебар се работи патот, од Мелчнички Мост до Центар Жупа, Бошков Мост- Дебар, Мокрино- Смолари, се работи Дојран- Николиќ тој е при крај, Ресен- Буково се работи, рече Мисајловски.