Поранешната претседателка и кандидатка на левицата, Мишел Башеле, победила во вториот круг од претседателските избори во Чиле, покажуваат резултатите по 90 отсто избројани гласови.
Шеесет и двегодишната Башеле, која била претседателка на Чиле од 2006-та до 2010-та година, ветила дека ќе спроведе 50 реформи во рок од 100 дена, дека ќе се постигне економски раст, ќе се укине нееднаквоста на зголемувањето на даноците, дека ќе вложи во образованието и здравството и ќе го измени Уставот кој што датира од диктаторскиот период.
Нејзината ривалка, кандидатката на десничарскиот конзервативен блок на Алијансата и поранешна министерка за труд, Матеи, предложила продолжување на политиката на сегашниот конзевативен претседател Себастијан Пињере.