Мишел и покрај инсистирањето не го поканил Зеленски на самитот ЕУ – Латинска Америка

Челникот на Европскиот совет, Шарл Мишел, одлучил да не го покани украинскиот претседател Володомир Зеленски на самитот Европска унија – Заедницата земји од Латинска Америка и Карибите (CELAC), пренесува шпанскиот дневен весник Vanguardia.

„Иако… Володомир Зеленски инсистираше да учествива на кој и да е начин на самитот, домаќинот на собирот, шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дојде до заклучок дека е подобро да не го покани“, се наведува во написот.

Мнозинството јужноамерикански земји иако на Генералното собрани на Обединетите нации гласаа за резолуцијата со која беше осудена руската агресија во Украина од крајот на февраури 2022 година, не се приклучија на западните санкции против Русија и продолжуваат да одржуваат дипломатски и економски контакти со Москва. Исто така, латиноамериканските земји, минимално учествуваат во воената помош за Киев ограничувајќи се на економска поддршка и мировни иницијативи.

Украина ќе зазема видно место за време на дискусиите на лидерите“, потврдуваат за весникот европските дипломатски извори, на пример во рамките на дискусиите за безбедноста на храната. Освен тоа, самитот ќе биде „можност да ги слушнеме нашите партнери од CELAC за коа како да се стави крај на агресијата“, рекол за весникот неименуван европски функционер.

Третиот самит ЕУ – CELAC ќе се одржи во понеделникот и вторник во Брисел. Најавените теми ги опфаќаат глобалниот мир и стабилноста, трговијата и инвестиции, економското закрепнување, напорите во борбата со климатските промени, истражувањата и иновациите и безбедност.

Во написот на Vanguardia се истакнува дека подготовките за овој самит биле тешки, па дури и одржувањето во овој период било доведено во прашање, поради обидот на ЕУ во завршната заедничка декларација од самитот да вметне осуда на руската агресија врз Украина и последователниот одговор на европскиот драфт испратен од CELAC во која на маса биле ставени наследството од ропството и барањата за исплата на репараии за тој период.

Присуството на повеќе од педесет шефови на држави и влади од двете страни на Атлантикот денеска во Брисел, сепак, се зема како јасен доказ за заемниот интерес за подигање на односите на ново ниво.

Се очекува учество на шефовите на држави и влади на земјите-членки на ЕУ и CELAC, копретседавачи ќе бидат шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел и премиерот на Сент Винсент и Гренадини, Ралф Гонсалвес. Најавени се и обраќањата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

ЕУ настојува да ја осуди руската инвазија во последната декларација на самитот, но сè уште нема консензус.

„Многу повеќе работи нѐ обединуваат отколку што не разделуваат“, оптимистички вели висок европски функционер вклучен во преговорите за декларацијата на самитот. Амбасадорите на 27-те се сретнаа изминатиов викенд за да го разгледаат документот и да ги консултираат претставниците на Латинска Америка, но текстот сè уште не е договорен. Европските дипломати се обидоа да ги надминат гореспоменатите стапици, потпирајќи се на декларации потпишани од речиси сите земји од двата блока во Обединетите нации, од една страна, осудите на руската агресија и, од друга, декларацијата од Дурбан. Врз основа на акциониот план на ОН против расизмот, преговарачите се договорија за текст во кој првпат на ваков тип самити се споменува ропството, многу важна пресвртница за земјите од Карибите“, велат соговорниците на весникот.

ЕУ го чека одговорот на CELAC за предложениот текст за војната во Украина и глаголот што се користи за опис на ситуацијата (осуди, жали, изрази загриженост…). Атмосферата во Брисел е оптимистичка, но „на крајот сè ќе зависи од расположението на Ортега“, велат извори од ЕУ, алудирајќи на можното вето на лидерот на Никарагва.

„Секакво спомнување (на војната во Украина) се смета за успех“, рекле извори на весникот, имајќи предвид дека завршните заеднички декларации ниту на последниот министерски состанок на CELAC, ниту на Иберо-американскиот самит со ништо не се однесуваат на руско-украинскиот конфликт.

Се чека, исто така, и на договор и референцата за трговијата и видот на повикот за дијалог во Венецуела, додаваат дипломатски извори, кои веруваат дека ќе се издејствува барем една референца за таканаречениот процес во Мексико.

Во Европа се оценува дека долгогодишното занемарување и незаинтересираност на Европската унија кон латиноамериканскиот регион, тоа го искористиле другите глобални играчи, во прв ред Кина, да го зголемат своето присуство и влијание. Поради тоа, ЕУ сега во услови на диверзификација на изворите на енергенси по напуштањето на руските поради војната во Украина, сега го врти своето внимание кон Латинска Америка со одбележување на првиот саните на шефовите на држави и влади на двата блока во 2015 година.

Нивото на политичка енергија вложена во остварување напредок на овој самит, кој денеска ќе биде отворен во рамките на големиот бизнис форум од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен; претседателот на Бразил, Луис Иназио Лула да Силва и претседателот на Владата, Педро Санчез, како претставник на ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ, треба да ја демонстрира забрзаните желби на ЕУ да ги претвори запоставените билатерални односи во стратешки сојуз во екот на геополитичките промени што се случуваат во светот.

Со војната во Украина, Европа одеднаш се најде дека има потреба од сојузници во таканаречениот колективен Југ, принудена да ја забрза својата енергетска транзиција за да ги заврши прекините на врските со Русија и, во исто време, не сака да биде вмешана во борбата меѓу САД и Кина. Во овој контекст, „посветувањето поголемо внимание на регионот има многу смисла“ сега кога ЕУ се обидува да ги „диверзифицира нашите синџири на вредности и да ги намали нашите прекумерни зависности, работејќи со доверливи партнери“, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, од еден од промоторите на овој обид регионот CELAC да стане приоритет за целата ЕУ, а не само за Шпанија или Португалија.