Челниците на сите 27 земји-членки на вонредниот самит во Брисел постигнаа договор за пакет помош за Украина во износ од 50 милијарди евра, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова обезбедува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина“, објави Мишел на социјалната мрежа Х.
Вонредниот самит беше свикан само за да се обиде да добие согласност од Унгарија. На последниот самит во средината на декември 26 земји-членки постигнаа договор за помош на Украина, а само една Унгарија беше против.