Мишел свика неформален состанок со челниците од западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика за в недела на 16-ти февруари неформален состанок со челниците на земјите од западен Балкан.

Според иформамациите од Европскиот совет, на средбата ќе учестуваат и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја претседава во моментов во Советот на ЕУ, претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Нефорамлната средба ќе се одржи во формат на работна вечера и предвидено е да трае два и пол часа.

Состанокот е свикан во рамките за неформалниот состанок на врвот на сите земји членки на ЕУ и земјите од западен Балкан, кој ќе се одржи во Загреб на 6-ми и 7-ми мај.

Досега вакви работни вечери не беа организирани на ова ниво. Во последните пет години состаноците ги организираше поранешната висока престставничка за надворешна и безбедноста политика Федерика Могерини. Средбата е најавена неколку дена откако Европската комисија го објави пшредлогот за новата методологија за водење на пристапните преговори.

Европската комисија во средата предложи нова и построга методологја на преговорите за пристапување кон ЕУ, што беше услов на Франција за да се размисли за отворањето на преговорите со Македонија и Албанија. Според новата методологија, преговарачките поглавја се делат на шест тематски целини или кластери. Кластерот кој треба прв да биде отворен и последен да биде затворен ги вклучува владеењето на правото, еконоските критериуми и реформата на јавната управа.

Другите пет кластери се внатрешниот пазар, конкурентноста и вклучивиот раст, зелената програма и одржливата поврзаност, ресурсите и земјоделието и кохезијата, како и надворешните односи. Покрај тоа, повеќе кластери може да бидат отоврени истовремено.

Европската комисија предлага и порешителни мерки со кои би се санкционирала секоја сериозна или долготрајна стагнација или назадување во спроведување на реформите и исполнување на условите од пристапниот процес. Преговорите во одредени сфери може да паузираат или, дури, целосно да бидат запрени, а веќе затворените поглавја во можело повтерно да се отворат.