Мисијата на IAEA останува во нуклеарката Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, како што најави претходно, членовите на мисијата задолжена за инспекција на состојбата и ситуацијата околу нуклеарната централа во Запорожје, ќе останат во најголемата нуклеарка во Европа на југот од Украина а која е под контрола веќе половина година на руската војска и откако во четвртокот го извршиле првичниот преглед.

Инспекцијата во нуклеарката Запорожје е извршен во присуство на директорот на агенцијата Гроси, а беше со големо внимание очекувана по гранатирањата кои можеа да предизвикаат нуклеарна катастрофа на континентот, а за кои Москва ги обвини украинските сили и пред три седмици повика инспекција од меѓународен тим стручњаци на IAEA.

„Денеска направивме нешто многу важно. И што е најважно, мисијата на IAEA останува тука. Го известивме светот дека IAEA останува во Запорожје“, изјави Гроси по инспекцијата, според снимката којашто ја објави руската агенција РИА:

Гроси, сепак, не рече колку инспектори ќе останат во Запорожје, ниту колку долго. Претходно во средата најави дека IAEA ќе се обиде да воспостави „постојана мисија“ по денешната посета.

„Успеавме да собереме многу информации. Ја извршивме првата процена. Луѓето таму вредно и стручно работата. И покрај многу многу тешките околности, продолжуваат професионално да работат“, додаде Гроси.

Руската приватна новинска агенција Интерфакс, четири од деветте возила колку што биле во конвојот на IAEA пристигнале во четвртокот попладнето во областа на нуклеарната централа, ја напуштиле пред вечерта.

Шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Роберт Мардини, во четвртокот повика на прекин на судирите кај централата Запорожје, во којашто цело време работи украински персонал, предупредувајќи дека таму може малку што да се стори доколку дојде до голема катастрофа.

Предупреди дека несреќата во централата би имала катастрофални и долготрајни последици за милиони луѓе и за околината. Мардини додаде дека Црвениот крст не дели апчиња со јод на населението во близина на нуклеарката за да не се шири паника.

Украинскиот оператор во четвртокот објави дека „поради руско гранатирање“, што е невозможно бидејќи руската војска практично би ги бомбардирала сопствените единици и би ги изложила на ризик, е изгасната еден од двата преостанати реактори. Единствениот функционален реактор во моментов би обезбедил снабдување за потребите на самата централа, тврдат од Киев. Пред војната, Запорожје произведувало околу 20 отсто од потребите од електрична енергија на Украина.

Руското Министерство за одбрана, пак во четвртокот објави снимки од хеликоптерски напад врз група украински диверзанти во близина на централата. Според Москва, украинската војска испратила две групи со вкупно 60 диверзанти чијашто цел била да изведат саботажа врз нуклеарката на денот на посетата на мисијата на IAEA.