Мислеа дека ќе се распаднеме за еден месец, ама економијата ни е уште посилна, вели рускиот претседател Владимир Путин.
Вели дека економијата им зајакнала.
„Се испостави, за многумина од нас, а уште повеќе за западните земји, дека темелите на стабилноста на Русија се многу поцврсти отколку што некој мислеше“, рече Путин.
Тој изјави дека постоењето на Русија како земја зависи од војната во Украина. Рече дека Западот е подготвен да ја уништи Русија. Тој претходно го обвини Западот дека ја користи Украина за нанесување „стратешки пораз“ на Русија, пишува Sky News.
Украина тврди дека Русија праќа и жени во војната. Денеска е 384-ти ден од почетокот на војната во Украина. Унгарија сака итен прекин на огнот во Украина.