Мистериите на Македонија, Муталиб единствениот дервиш во Тетово

Муталиб е единствениот жив дервиш кој живее и служи во античкиот и урбан Харабати Баба Теќе во Тетово, на овој начин „Нешенал географик“, ја започнува приказната за Тетовското теќе во Македонија.

Муталиб го пречека германскиот офицер од Тирана на „муабет“(муабет е ритуален разговор во овој дел на светот кој е проследен со храна и чашка сливово бренди, тука наречено ракија). Во муабетот со дервишот најчесто се зборува за толкувањето на верата и божественоста на Бекташи, а потоа се пее и традиционалната химна на Бекташи.

2-596x397

Кога за прв пат ќе дојдете во домот на дервишот Муталиб тој срдечно ќе ви посака добредојде на трите јазици кои течно ги зборува, македонски, турски и албански.

„Muhabbet baldan tatli olur, doyamazsin demedim mi? Или Муабетот е посладок од мед, нели Ви кажав дека ќе бидете нахранети?“ е реченицата која дервишот ја кажува кога ќе заврши со муабетот за столбовите за Бекташката вера, и кога доаѓа моментот на резонирање на целосниот муабет.

4-596x397

За време на муабетот на дервишот Муталиб со германскиот офицер, тој раскажа за групата од педесетина Салафи кои во 2003 година се појавиле со калашникови, бидејќи не биле задоволни од пеењето, потрошувачката на алкохолот и ко-ед услугата. Муталиб вели дека ова не е прв пат, дервишите да треба да се кријат и до теќето да доаѓаат само преку еден ходник.

Дервишот Муталиб е пријатна, срдечна, енергична и весела личност. Тој е мета на многу туристи. Муталиб со еднаква радост ги поздравува посетителите и им нуди кафе или чај, пред да почне да се фотографира со нив.

9-596x397

Но, туристите не се единствените дервишови посетители. Тие се посетени и од политичарите, претставниците на невладините организации, членовите на Европската Унија, воени лица, како и од бројни претставници на секти. Тој вели и дека често во негова посета доаѓаат луѓе кои имаат големи проблеми, како и кои боледуваат од болести за кои се смета дека нема лек. Тој на секој можен начин се труди да им помогне и барем накратко да им го олесни животот со своите совети.

На крај од посетата, Муталиб објасни дека многу од неговите посетители пробуваат да останат близу до Бекташкиот свет бидејќи тој лесно им помага да се поврзат со сопственото неследство.

8-596x388

Харабати Баба Теќе е изградено на последните ридови на планините меѓу Македонија и Албанија во 1500 година. Откако е изградено, во 1948 било запалено од герилците, а потоа во 60-тите години на минатиот век било претворено во хотел, диско и ресторан на партиските кадри. Теќето било сведок на гранични борби во кои учествувала и полицијата. Преживувањето на Теќето по бројните настани не се знае дали да се смета за среќа или чудо. Ако се смета за чудо, тогаш е јасно дека не е единственото во светот на Бекташите.