Мистериозна топка најдена на плажа во Јапонија

На јапонска плажа е пронајдена мистериозна топка со дијаметар од метар и половина, за која се претпоставува дека е направена од некој вид метал, пренесе телевизискиот канал Daiichi TV.

Предметот исфрлен на брегот на плажата Еншјухама, го открила жителка на градот Хамаматсу, во префектурата Шизуока. Жената повикала полиција околу 8,45 часот по локално време, односно 0,45 часот по македонско време.

Пристапот до местото на пронаоѓање на предметот е блокиран, а во поширокото подрачје воведе е строг режим на сообраќајот, известува телевизијата.

Проверката на мистериозниот објект ја изведуваат стручњаци. Фотографии на вештачење или препознавање се испратени и до експерти Силите за самоодбрана на Јапонија и на крајбрежната стража.

Претставник на одделот на јапонската крајбрежна стража Омаезаки изјавиле дека сѐ уште не знаат за каква топка станува збор.