Митески: Марин одобрил изградба на 4.000 станови

Во однос на загадувањето иако најавите од властите беа дека во Аеродром ќе се променат состојбите со воздухот, ништо не се промени, Аеродром во континуитет руши рекорди во однос на загадувањето во кое се вклучени повеќе фактори, вели Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, на Алфа телевизија, во „Што не е јасно“.
Тој истакна дека имал прилика денеска да ја прочита студијата од Светска банка, објавена на Еуроњуз и бројките од истата се застрашувачки, со повеќе од илјада луѓе прерано починати од загадувањето, но и огромен број на заболувања пред се срцеви заболувања како последица на загадувањето,што говори дека треба да се бара сериозно решение за овој проблем.
Можеби ќе ве интересира
– СДСМ во предизборната кампања особено Златко Марин и Зоран Заев стнаа познати по онаа изјава „Аеро, Аеро Аеродром“, којашто денеска служи за потсмев од страна на аеродромци, а тие ветуваа дека со самата промена на власта ќе се исчисти воздухот, но тоа граѓаните не го гледаат, а треба многу да се работи за да се реши тоа – истакна Митески.
Митески вели дека власта продолжи со градење особено во општина Аеродром, а бројките од ДЗС говорат дека за време на мандатот на Златко Марин биле дадени одобренија за 4.000 станови и 220 илјади метри квадратни изградена површина само во Аеродром.
– 4.000 станови се исто како еден помал град од Источна Македонија – објасни Митевски.