Состојбите кои се случија целиот овој изминат период го кренаа скептицизмот кај македонските граѓани и доведоа до степен да не знаеме што понатаму ќе очекуваме. Во Протоколите кои се дел од преговарачката рамка составен дел се историската комисија и учебниците. Пред само еден ден имавме изјава на потпретседател на Бугарија која рече прочитајте си ги Протоколите. Тоа се сигнали кои во македонската јавност СДС се обидува да ги минимизира и да ги покаже како ставови кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, иако не се, изјави Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Само вистина“ на Канал 5.
– Тоа се изјави кои Македонија во континуитет ги добива и тоа се показатели треба да не предупредат. Треба да ни ги отворат очите и да направиме се што можеме да ги спречиме евентуалните идни такви барања кои ќе ја закочат Македонија на патот кон ЕУ, истакна Митева.
Во однос на гаранциите Митева ја поздрави резолуцијата од германскиот Бундестаг и посочи дека Ковачевски до вчера викаше дека не ни се потребни гаранции од ЕУ, а сега се фали со истата.
– Година дена наназад зборуваме дека се потребни гаранции. Ваквите резолуции кои се резултат на долгогодишна соработка помеѓу две држави треба да се случат во Европскиот Совет каде едногласно се носат одлуките, каде сите 27 земји членки ќе го потврдат тоа, нагласи Митева.
Митева во врска со расфрлањето на функции од страна на власта посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е до функции, анкетите се јасни, може да чека до избори, но покажува државнички став за да не продолжи Македонија да назадува.
– Доколку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше само за неговата позиција и функции, се наоѓаме само на 10 месеци пред избори, а гледајќи ги анкетите ќе видите дека разликата е дупла. Зошто на ВМРО-ДПМНЕ би му одело во корист да влезе во влада и да го изгуби потенцијалот доколку не се грижеше за националните интереси. Можевме да седиме на страна и да вели дека тие го создадоа проблемот, да го решат, да прават што знаат. Напротив ВМРО-ДПМНЕ покажа државнички капацитет затоа што дека со овие луѓе на власт државата не може да оди напред, можеме да останеме во чекалната и да се враќаме наназад, изјави Митева.