Митева: Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со кршење на Деловникот, и за тоа одговорност ќе има

Талат Џафери во текот на целиот свој мандат ги толкува законските прописи на начин само нему разбирлив, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за став на партијата во врска со тоа што спикерот уште се повикува на одредби на Деловникот.

„Нормативите се јасни. Џафери не можел да применува членови од Деловникот кои се однесуваат на измени на закон, кога станува збор за измени на Устав“, рече Митева.

Митева укажа „Џафери не смеел да ја прекине седницата, и морал да ги стави на гласање уставните измени“.

„Џафери мандатот го започна со кршење на Уставот, го завршува со крешење на Деловникот, и за тоа одговорност ќе има“, заклучи Митева.