Митева: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична – повеќе за сите граѓани а помалку за корумпираната влада на СДСМ-ДУИ

Доколку СДСМ вистински се грижеше за граѓаните и економијата, државата немаше да се соочува со економска и енергетска криза. Инфлацијата во државата се повеќе расте, а граѓаните едвај крај со крај врзуваат, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Посочи дека секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс, затворени фабрики, пропаднати бизниси и криминални афери. Граѓаните секојдневно сведочат на расипничко и недомаќинско работење од страна на Владата на СДСМ – ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија е за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните. Но, имајќи ја во предвид целокупната ситуацијата односно дека инфлацијата расте, растат трошоците за живот, за прехранбени производи, растат цените на енергенсите како електричната енергија, гасот, горивата. Меѓутоа од иста страна компаниите исто така се погодени од ценовниот шок, растат и останатите трошоци за производство и цените за останатите репро материјали и суровини. Од друга страна, придвижувањата на глобално ниво се исто така показател кој предвидува дополнителен ценовен шок односно имаме застој на испорака, зголемени транспортни трошоци, а на сето ова придонесува и пандемијата од Ковид19 која предвидува дополнителни трошоци“, нагласува Митева.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе биде согласна за компромисот кој го постигнаа работодавачите и синдикатот, но во исто време пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата.

„Од таа причина очекуваме власта веднаш да направи ребаланс на буџетот со кој ќе се зголемат и дотациите на општините од страна на Владата за целосно да се почитуваат правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата. Преку амандманската интервенција на Законот ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места кога ќе се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е поразлична – Да има повеќе за сите граѓани, а помалку за корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ“, нагласува Митева