Митева: Да се повлече предложениот концепт за реформи на образованието и да се направи нов

Додека релевантни институции и еминентни професори потенцираат за бројни недостатоци, министерката Царовска чека писмени забелешки на емаил адреса. Упорна во своите намери и без слух за проблемите кои ќе настанат, се обидува да го игнорира мнозинството.

Ова вечерва го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека стаавот на фелата е едногласен, реформите се потребни, но „Не“ за, како што вели, вакви квази концепции.

– Предложениот концепт треба веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов. Потребно е да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено историја и географија. Недостасува истражувачки период, стручни мислења и јавна дебата за учеството на стручната, но и на пошироката јавност. Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? После неуспешни платформи, сега и неуспешни концепции? Потенцираме, ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата “Реформи во образованието”. Охрабрете се и формирајте работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии. Треба да се обезбедат голем број на услови пред започнување на реформата – рече Митева.