Кој зборуваше дека јазикошто го зборуваат во Струмица и Петрич е ист. Мојот претседател Христијан Мицкоски или вашиот претседател Зоран Заев, ја запраша Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“.
Митева додаде дека договорот со Бугарија е на штетат на Македонија. Овој договор кој што го склучи Заев со Бугарија го загрозува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
„Мора да имате морална одговорност пред граѓаните и тоа што го зборувате да го понесете на вашите плеќи и да си понесете одговорност за лошите и катастрофалните политики. Се додека не го правите тоа ќе имате луѓе кои што од спротивната страна ќе ви ја кажуваат вистината во очи и ќе ве навраќаат на сите минати чекори“, рече Митева на Кузеска.
Митева потсети дека во 2018 година пред да се потпише договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ упати точно три точки на собраниската комисија кои што требаа да бидат внимателно дефинирани во договорот.