Тезите дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференција на Митева:
-Воедно, и Димитар Ковачевски, но и Бујар Османи во неколку изјави за медиумите говореа како хрватскиот Устав е прифатлив модел, додека денес молчат. Затоа, ги повикуваме СДС и ДУИ како самопрогласени европјани, како политички субјекти кои се залагаат за европски фронт да ги прифатат измените на уставот по примерот на земја членка на ЕУ.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во неа.
Имено, во уставот на Република Хрватска јасно пишува НАЦИОНАЛНИ МАЛЦИНСТВА, а во уставот на Република Македонија ДЕЛОВИ ОД НАРОД. Разликата е голема – македонскиот народ е изедначен со останатите народи кои живеат во Македонија, за разлика од националните малцинства во Хрватска. Во Хрватска јасно пишува дека е национална држава, за разлика од Македонија која е воспоставена како граѓанска држава.
Ова би биле суштински промени кои Македонија би ги направила со промената на Уставот каде националниот карактер на државата би го надминал мултиетничкиот.
Воедно, ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане национална држава, тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.
СДС и ДУИ не би требало да имаат против Устав на земја членка на ЕУ и патем против Устав на земја членка на ЕУ кој го користеа како најсоодветен пример кој Македонија треба да го примени, појасни Митева.