Митева: Ковачевски имаше говор полн со хипокризија во Собранието, целта е продолжување на деновите на власт на Ковачевски и на Ахмети

Морам да потенцирам дека бев непријатно изненадена од можеби досега најлошиот говор кој што еден премиер го имал во Собранието при повод за промоција за нова влада или ново владино мнозинство како што тие се обидуваат да го престават. Беше еден говор полн со хипокризија во кој што самиот Ковачевски во обид да ги каже сите оние работи кои што граѓаните ги чуствуваат и зборуваат деновиве, дека станува збор само за промена на кадри, дека станува збор за одржување на коалиција само од политички интереси, а не од интереси за европски напредок на Македонија, се обиде преку еден блед говор во кој што вели дека не е тоа така да го прикрие она што секој еден од нас го чуствува како граѓанин, истакна во нејзиното гостување во „10 Минути“ на ТВ21 портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа додаде дека без разлика како и да се дефинира оваа нова коалиција, јасно е дека нејзината цел е само продолжување на деновите или месеците на власт на Ковачевски и Ахмети, а од тоа граѓаните не добиваат ништо.

-Ние сме сведоци дека оваа коалиција деновиве веќе доби своја дефиниција, можеме да ја крстиме како огласник купи-продај евтино, можеме да ја дефинираме како „Пазар3 коалиција“ или без разлика каква дефиниција и да ѝ дадеме едно е јасно, ова е коалиција која што само ќе ги продолжи деновите или месеците на власт на Ковачевски и на Ахмети, а од тоа ние како граѓани нема што да добиеме, потенцираше Митева и додаде:

„Доколку стануваше збор за вистински реформи немаше да се доведеме во ситуација да една политичка партија од албанскиот блок биде искористена само една година претходно за сега после една година да видиме друга политичка партија од албанскиот блок која што влегува на местото на таа претходно, каде што имаме непрекинати дневни сопштенија и изјави како станува збор за промена на функционери како станува збор за промена на директорски места, а да зборуваме за она што вистински ја засега Македонија, а тоа е економската состојба во која се наоѓа, здравствената, образовната, културната итн“.