![miteva vmro](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/miteva-vmro.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Молкот од министерката Царовска продолжува, но ВМРО-ДПМНЕ уште поупорно ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики. Можеби оттука, токму пред министерството за образование и наука подобро ќе не слушне ценетата министерка која презентира игнорантски однос, рече Марија Митева портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција пред Министерствпто за образование.
– Концепција за дигитализација со која ќе се укинат учебниците во основното образование нема да дозволиме да се спроведе. Масовните протести на родителите, наставниците и учениците кои се случија пред неколку дена се доволен доказ дека станува збор за уште еден неуспешен проект во образованието. Дигитализацијата чија основна цел е укинување на печатените учебници ќе предизвика многу негативни последици. Најпрво, се воведува концепција која зад себе нема никаква наставна анализа и за која немаме никакво образложение кој, како и на кој начин ќе ја реализира – вели Митева.
Според неа, со ваква образовна новина се воведува дискриминација и нееднаквост помеѓу учениците во нивната најрана возраст.
– Министерке Царовска, одважете се и постапете согласно барањата на јавноста. Тоа треба да биде ваш приоритет, а не добивањето партиска функција во СДСМ. Јавноста ја процени вашата ароганција и желба на сила да ги донесете законските измени, но ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на експерименти над децата! ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на дискриминацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на укинување на учебниците – рече Митева.