СДСМ го одби предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за национален консензус и подадена рака во однос на најважните прашања каде побаравме да се дадат и писмени гаранции дека повеќе нема да се кочи патот на Македонија кон ЕУ, дека ќе имаме гаранции за посебноста за јазикот и идентитетот на македонскиот народ, изјави за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Марија Митева, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева истакна дека СДСМ толку не сака нацинален консензус што ја одби и пдложената Декларација за Гоце Делчев и обраќајќи се кон соговорникот Дарко Каевски од СДСМ му порача дека прво треба да ја погледнат таа Декалрација која ја одбија а истака беше за чествување на 150 годишнината од раѓањето на Делчев.
Во врска со можен датум во јуни Митева нагласи дека до јуни тешко дека ќе има напредок, а државата е заглавена помеѓу петте датуми што ги добивме според СДСМ, веќе видено сценарио, веќе видени изјави и работни групи кои потпишаа меморандум и претходно.
„Ветија дека работните групи ќе имаат состанок еднаш неделно, јас не гледам дека имаат, во медиумите не сме виделе соопштенија и изјави во однос на работата на работните групи, што потврдува дека ништо не се прави во врска во однос на економијата, инфраструктрата, образованието и слично“, рече Митева.
Посочи дека ваков пристап на манипулација кој го употребува СДСМ во однос на преговорите со Бугарија навистина никому не му е потребен.
„Каевски претходно тврдеше дека одговорите кои ги имаат дадено на 4+1 и 5+1 се јавно објавени, а до ден денес не може да се најдат кои се одговорите. Одговор на овие пакети никаде нема. СДСМ колку и да се труди да се фали дека е транспарентна одговори на тие барања нема никаде. Прв пат сега слушаме дека имало класифицирани работи во нив, што сега ги кажа Каевски. Не се знае за што преговараат и кои се интересите на Македонија„, истакна Митева.