-Ковачевски и СДС не се за ЕУ, туку за криминал, корупција и крадење. Со Ковачевски и СДС Македонија е сѐ подалеку од ЕУ. Додека зборуваат за интеграција, всушност прават криминал и корупција, кога зборуваат за реформи, всушност го ставаат судството и обвинителството под партиски канџи, изјави Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека лажно се пропагираат за европски фронт, инфлацијата во Македонија е помеѓу најголемите во Европа, цените на храната секојдневно се зголемуваат. Само во последните неколку недели има зголемување и по неколку пати на одредени производи, кои се дел од основната исхрана на граѓаните.
Со СДС Македонија има највисок буџет до сега, но најсиромашни граѓани. Долгот на државата е над 8 милијарди евра, што е речиси двојно повеќе од пред СДС да дојде на власт.
Иако СДС ја задолжи Македонија за нови 3.7 милијарди евра, нема ниту една нова капитална инвестиција, граѓаните се организираат и преку СМС пораки за донации за лекување во странство на болните, а болните од ретки болести молат за терапија.
Повеќе од 6 години власта не може да ги доврши проектите како Клиничката болница во Штип, го раскина договорот за Клиничкиот центар во Скопје, 6 години веќе поминаа, а секој месец одредена категорија на граѓани болни од одредена болест штрајкуваат за некој во власта да се смилува и да набави терапија, што практично е обврска за власта, а не прашање на нивната милост.
6 години СДС ја задолжува Македонија, 6 години Македонија се мачи да преживее, а народот моли за лекови. 6 години СДС ја злоупотребува ЕУ лажно декларирајќи вредности, кои не ги почитуваат, а за применување не станува ниту збор.
6 години Македонија е се подалеку од ЕУ. Почитувани, со секој месец со СДС и ДУИ на власт уште повеќе Македонија се оддалечува од ЕУ. Затоа потребни се избори за промени, рече Митева.