Митева: Средбата со Пендаровски е по барање на Мицкоски, тоа претставува државнички чин

Заедно со моите колеги Димче (Арсовски) и Наум (Стоилковски) ќе продолжам го одам патот кој што тие веќе го одат. Работа има за сите, со целата оваа ситуација која што се случува во државата и со волку скандали на дневно ниво јас мислам дека и тројца портпароли се малку за да ги покријат сите настани“, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Утрински брифинг“.

Митева додаде дека средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Пендаровски е по барање на претседателот Мицкоски.

„Средбата е на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и јас можам да кажам дека тоа за мене претставува државнички потег. За тоа што кога претседателот на државата и лидерот на најголемата политичка партија и на најголемата пратеничка група во Собранието ќе седнат да разговараат и ќе имаат исти ставови по однос на неправедно осудените од 27-и април и за актуелната политичка и економска ситуација. Јас искрено се надевам дека ќе имаме позитивен исход од тоа и дека ќе произлезат мерки кои што во иднина ќе донесат позитивни резултати“, рече Митева.