Можам да кажам дека професорката Гордана Силјановска Давкова кога ќе ја споредите со сите кандидати за претстојните претседателски избори, многу отскокнува, по сите параметри се разликува од нив, пред се од она професионално искуство кое што самата како личност го има, но и од личниот карактер и пристапот кој што таа, веќе четири години, го покажа во рамките на Собранието. Лесно е граѓаните да направат споредба во овој дел и би кажала дека во овој период ќе бидат во можност граѓаните да видат со каков кадар располагаат сите политички партии и каква е искрената и чесна намера во делот на подобрување на состојбите во Македонија, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во денешното гостување во централните вести на телевизија Алсат.
Митева посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има професорката Силјановска Давкова како кандидат, затоа што сметаме дека е време за вистински промени, затоа што ни е потребен малку поинаков пристап во политиката и за едно лидерство кое што ќе значи, пред се, почитување на уставот и законите и работа во интересот и само за интересот на народот.
ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ја очекува максималната поддршка од граѓаните, работиме на искрен и чесен пристап. Време е политиката да ги напушти оние уцени и преговарања за тоа на кого ќе му припаднат гласовите во вториот круг. Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и на она што ќе значи програмска определба и начин на кој што ние го гледаме патот по кој што треба да се развива Македонија“, рече Митева во однос на калкулациите, преговарањата и договарањата во вториот круг од претседателските избори.
Во однос на парламентарните избори и за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечна листа за пратеници, Митева истакна дека очекува до крајот на месец март да биде заокружен и тој процес на финализирање на листите за пратеници.
„Кандидатите за пратеници ќе бидат достојно и достоинствено презентирани пред граѓаните. Ќе имаме еден транспарентен начин на презентација на истите. Очекувам и сум сигурна дека тоа ќе биде една добра кадровска понуда која што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и се разбира, победничка на изборите“, рече Митева.
Во однос на пост изборната соработка со политичките партии, Митева посочи дека многупати до сега ВМРО-ДПМНЕ го има кажано ставот, дека е време Демократската унија за интеграција да замине во опозиција.
„Прво, е добро и здраво за општеството после над 20 години во политиката, кој што резултирало со погрешни политики, со навистина огромно ниво на криминал и корупција и скандали кои што стојат зад нивното владеење, особено, во вој седум годишен мандат кој што го имаа како дел од владиното мнозинство со Социјалдемократскиот сојуз, сметаме дека навистина, треба да заминат во опозиција. Има зошто граѓаните, навистина, чувствуваат дека Македонија се повеќе се ја губиме, дека немаме владеење на правото, дека навистина имаме високо ниво корупција. Сепак граѓаните на претстојните избори одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, но ВМРО-ДПМНЕ, секако би размислува во насока на влада без ДУИ“, истакна Митева.