Горан Митевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) гостуваше во средата вечерта емисија „Што не е јасно“ каде што појаснуваше за актуелната афера „Жолто Комбе 2“.
Афера „Жолто Комбе 2“ е афера во којашто постојат индиции дека вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР нуделе работа, со ресурси и комбиња на МВР оделе во десетина земји членки на НАТО и ЕУ вршеле одредени недозволени дејности за трета земја која што не е членка на НАТО и ЕУ.
Јас не сум сигурен дали воопшто му понудиле на екс претседателот Иванов ваква опција бидејќи се работи за различни политички партии. Сметам дека очигледно поплодно дно нашле кај премиерот Заев и кај министерот Оливер Спасовски. Бидејќи во периодот за кој разговараме УБК е дел од МВР, и од тие причини на тоа највисоко ниво сметам дека е договорена цела меѓународна оперативна операција во соработка со странска партнерска служба на работа во трети земји што е надвор од законот за внатрешни работи и за законот за управата за безбедност и контраразузнавање, појасни Митевски.
Запрашан Митевски дали тоа би го сторил ако власта би му наредила тоа незаконско дело да го изврши би го сторил ли, одлучно рече не. Бидејќи знае дека тоа е тешко кривично дело што се коси со законите за внатрешни работи и безбедност и контраразузнавање.
Ќе ве потсетам на уште една незаконска операција во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, случајот за „Кали дел Масри“ каде што имаме директно признание на тогашниот министер за внатрешни работи, господинот Хари Костов кој што сведочел пред судот. И неговата изјава е составен дел од пресудата во која Македонија е обвинета дека 23 дена држела нелегално германски државјанин со либанско потекло, на своја територија го малтретирала и го предала на трета земја. Во меѓувреме додека бил во Македонија му бил удрен печат во пасош, после втор или трет ден дека заминал за Косово. Со цел да се прикрие неговиот престој.
Иако имаше пресуда на меѓународниот суд во Стразбур што повлекува обврска на нашите судови да постапат имаме признание од првиот човек на МВР. А, во МВР постои список кој ја организирал и водел акцијата, и кои се учествувале бидејќи тие сите се наградени од тогашниот директор на УБК. Никој, односно таа неказнивост тогаш па и денес и верувам дека и за овој случај никој нема да биде казнет, заклучи Митевски.
Митевски додаде дека не би го изненадило и од поранешната афера да учествувале и денес во актуелната „Жолто Комбе 2“. МВР секојдневно уназадува со мерките кои ги препорачува ЕУ.