Митевски: Општина Петровец продолжува со своите градежни активности

Општина Петровец продолжува со своите градежни активности. Во Катланово ја асфалтираме последната улица која ни остана, во вкупна должина од 250 метри и ширина од 6,5 метри.

Средствата за изградба на оваа улица, во целост, се обезбедени од буџетот на општината.

Ова денес го истакна градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски.

„Освен во ова населено место, во исто време општина Петровец работи во Долно Коњари, во средно Коњари асфалтираме две улици во должина од 650-700 метри, во Сушица извршивме темелна реконструкција  на училиштето и вчера имавме и свечено отворање. Исто таму направивме и нов културен дом, за него општината издвои околу 35.000 евра. Ќе продолжиме и во другите населени места“, истакна тој.

Градоначалникот посочи дека се работи на целосно завршување на канализационата мрежа во населено место Петровец.

„Ни остана само уште една улица и очекувам понеделник или вторник да започнеме со поставување на канализациона мрежа и на улицата 22“, посочи Митевски.