Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе одржи митинзи и средби со граѓани во Студеничани, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.
Средбата со граѓани во Студеничани ќе се одржи во 14 часот, а во Зелениково во 15.30 часот.
Во Кисела Вода, митингот е закажан за во 17.30 часот, а во Аеродром во 20.30 часот.